Јуве и Рома во сабота ќе имаат битка на теренот, а во меѓувреме имаат битка на трансфер пазарот

by
1 минути читање

Јувентус одигра лош меч против Сампдорија, тимот на Алегри се мачеше да ги поврзе линиите и да креира шанси.

Според Џанлука Ди Марцио, Јуве работи на трансфер на фудбалерот на ПСЖ, Паредес. Тие сакаат позајмица со обврска за откуп следното лето.

Но италијанскиот новинар вели дека Јуве не смее да одложува бидејќи се соочува со конкуренција од Рома која исто така го сака Паредес.

Мурињо сака да донесе уште еден играч од средниот ред по повредата на Вајналдум. Прв пик е токму Паредес.

Овие два тима, Јувентус и Рома во сабота имаат и дуел од Серија А, мечот се игра во Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×