Јунак на денот, фан на Барнли со одлична реакција спречи мало дете да биде погодено со топка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барнли успеа да
одигра 1-1 со Челси и да им даде надеж на останатите екипи во трката за
титулата дека предноста на Челси може да биде надополнета.

Брејди со
прекрасен гол од слободен удар донесе реми, но јунак на денот е еден фан кој спречи
мало дете да биде погодено со топка.

Во првиот дел,
Барнс упати удар од далечина, топката помина покрај голот кон трибините и одеше
точно во едно мало дете.

Сепак, еден фан
кој седеше позади со одлична реакција не дозволи топката да заврши во главата
на детето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани