Јунајтед заврши со Европа, Севиља ќе игра полуфинале со Јувентус (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед важеше за најголем фаворит во Лига Европа, но доживеа шлаканица од Севиља која е маестрална во ова натпреварување историски гледано.

Севиља го отвори мечот уште во осмата минута кога Ен Несири погоди по една катастрофална грешка на Мегваер.

По две минути игра Баде даде гол за предност од 2-0, а во 81. минута Ен Несири со својот втор гол ги постави конечните 3-0.

Севиља во полуфиналето ќе игра со Јувентус кој денеска одигра 1-1 кај Спортинг и со вкупни 2-1 оди понатаму.

Рабио во деветтата минута даде гол за предност на Јуве од 1-0, Едвардс во 20. погоди за 1-1.

Баер Леверкузен со убедливи 4-1 го победи Унион Ројал и со вкупни 5-2 оди во полуфиналето. Диаби, Бакер, Фримпонг и Нлозек ги дадоа головите за германскиот тим, Терхо погоди за белгијците.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани