886
Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд загуби од Вест Хем со 2-0, со истиот резултатот Тотнем беше поразен исто така на свој терен од Кристал Палас.
Со голови на Соучек во првото и Боуен во второто полувреме Вест Хем со 2-0 го победи Манчестер Јунајтед.
Тотнем првпат во историјата има 20 порази во Премиер лигата во една сезона, денеска загубија од Кристал Палас кој со два гола на Езе го доби мечот.
Само екипите кои испаднаа од Премиер лигата се зад Манчестер Јунајтед и Тотнем.
Нотингем форест одигра само 2-2 против Лестер и го губи чекорот за место во Лигата на шампионите.