Јунајтед и Дортмунд се во напредна фаза од преговорите за Санчо, се дефинира начинот на плаќање

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд не се откажува од сумата од 120 милиони евра колку што бара за Санчо, но е подготвена да направи компромис во начинот на плаќањето.

Идеално за нив би било да добијат 100 милиони евра, со кои ќе најдат замена за Санчо, а останатите би ги добиле во лесно остварливи бонуси.

Слична тактика тие имаа и во преговорите со Барселона за Дембеле. Тие сакаа 140 милиони евра, но се задоволија со сума од 105 милиони евра, а останатите ги добија во бонуси.

Се верува дека личните услови на Санчо не се проблем, двете страни тука лесно ќе се договорат.

Кога ќе биде договорен начинот на исплата на средствата, трансферот ќе премине во фаза на формализација по што зделката ќе се финишира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×