Јовиќ нема среќа: Токму кога заигра како што се очекува – се повреди!

by Стефан
1 минути читање

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ повторно немаше среќа. Напаѓачот на Милан се повреди на загревањето пред почетокот на денешниот натпревар против Венеција, во рамките на 34. коло од Серија А.

Според италијанските медиуми, Јовиќ почувствувал болка за време на загревањето, поради што тренерот на Милан, Сержо Консеисао, беше принуден да направи промена во почетниот состав, иако српскиот репрезентативец беше планиран да стартува на овој натпревар.

Несреќната околност доаѓа во момент кога Јовиќ се наоѓаше во најдобрата форма откако стана член на „росонерите“. На последните пет натпревари, српскиот напаѓач постигна четири гола и беше еден од клучните играчи на тимот.

Посебно се издвојува неговиот настап во полуфиналниот реванш од Купот на Италија против Интер, кога постигна два гола и практично сам го одведе Милан во големото финале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани