73
Српскиот
репрезентативец и член на мадридски Реал, Лука Јовиќ влезе во проблеми со
српските закони откако го прекрши правилото за карантин откако допатува во Белград
за време на интернационалната пауза претходно.
Јовиќ со таквото
однесување го привлече гневот на јавноста која удри со дрва и камења по
фудбалската ѕвезда која веќе беше сослушана во основното јавно обвинителство во
Белград, од каде се бараше затворска казна за фудбалерот.
Како што
известуваат српските медиуми, обете страни се договориле фудбалерот да уплати
3,5 милиони динари во хуманитарни цели, односно близу 30,000 евра.