Лука Јовиќ ова лето направи необичен трансфер, Реал Мадрид реши беспари да го пушти во Фиорентина, со можност да заработи 50% од следниот трансфер.
„Кралевите“ за Србинот платија околу 60 милиони евра, малку аир видоа од него, па тој сега се најде во фокусот откако на своето деби во виолетовите дрес постигна дури четири погодоци.
И покрај тоа што се работи за пријателски натпервар против нисколигаш, голгетерската форма на Лука Јовиќ им боде во очи на медиумите блиски до Реал Мадрид.
Марка иронично потенцира дека Србинот има дадено помалку голови на 51 официјален натпревар во дресот на Реал Мадрид отколку денеска за едно полувреме.
4 gola Luke Jovića na svojoj prvoj utakmici za Fiorentinu pic.twitter.com/tDkDajlgHY
— Štefek (@stefanson69) July 12, 2022