130
Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ се поврзува со Рома каде би можел да се пресели во јануарскиот преоден рок.
Рома сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот со ангажман на уште еден напаѓач.
Едно од имињата кои се на листата за можни засилувања е Лука Јовиќ.
Србинот нема иднина во Милан, тој не се најде на листата на росонерите за мечевите од Лигата на шампионите, а тоа доволно говори каков е ставот на клубот за него.
Се верува дека доколку Рома направи конкретен чекор кон ангажман на Јовиќ, лесно ќе може да се договори со Милан.