Јоветиќ го избрал новиот клуб

by Стефан
1 минути читање

Капитенот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Стеван Јоветиќ (36), кариерата ќе ја продолжи во АЕЛ Лимасол, пренесуваат кипарските медиуми.

Искусниот напаѓач постигнал договор со клубот од Лимасол, со што ја реализирал желбата да остане на Кипар, каде што минатата сезона со Омонија ја освои шампионската титула.

Јоветиќ до официјалното потпишување на договорот го делат уште само лекарските прегледи. Неговата желба да остане на Кипар се совпаднала со плановите на АЕЛ, кој во искусниот Црногорец гледа сериозно засилување за новата сезона.

Поранешниот голгетер на Партизан, Фиорентина, Манчестер сити, Интер, Севиља, Монако и Херта треба да донесе дополнително искуство и квалитет во нападот на тимот кој од клупата го предводи Уго Мартинс.

Јоветиќ во изминатите две сезони во дресот на Омонија одигра 66 натпревари и постигна 17 гола.

Ако успешно ги мине лекарските прегледи, трансферот во АЕЛ Лимасол треба наскоро и официјално да биде потврден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×