Јилдиз ги израдува навивачите на Јувентус: Разговарав и со Влаховиќ…

by Стефан
1 минути читање

Keнан Јилдиз во овој момент е еден од најважните фудбалери на Јувентус, а сега со својата последна изјава ги израдува навивачите порачувајќи дека намера да си замине.

Во претходниот период турскиот фудбалер се поврзуваше со неколку европски гиганти, меѓутоа потпиша и нов договор со Јувентус. Сега порача дека е среќен во Торино и воопшто не размислува за други клубови.

„Јувентус е во моето срце, благодарен сум на клубот што верува во мене, како и на навивачите за љубовта што ми ја покажуваат. Токму затоа не гледам зошто би одел на друго место. Сакам да останам тука и да го вратиме Јувентус онаму каде што припаѓа“, изјави Јилдиз.

Откри и дека имал разговор со Влаховиќ кој се поврзува со заминување.

„Разговарав и со Влаховиќ и тој сака да остане, сепак тоа е негова одлука. Факт е дека со него сме многу поопасни во нападот“, истакна Јилдиз.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×