136
Милан сака да го купи швајцарскиот репрезентативец кој настапува за Клуб Бриж, Ардон Јашари, но конкуренција во трката има од Борусија Дортмунд.
Милан веќе ги договори личните услови со Јашари, а во тек се преговорите со Клуб Бриж. Росонерите подготвуваат официјална понуда до белгискиот тим.
Но, од неодамна во трката се приклучи и Борусија Дортмунд која исто така го сака швајцарскиот фудбалер.
Наводно, Јашари има желба да потпише само за Милан, тоа ги прави росонерите фаворити во трката по неговиот потпис.