Челси беше сериозен фаворит, но повторно оваа сезона загуби од Вест Хем. Чеканите претходно два пати ги совладале сините во една сезона во 2002/2003.
Вест Хем прв ја тресеше мрежата на противникот, но голот на Сучек во 34. минута беше поништен. Брзо потоа Челси поведе од пенал со гол на Вилијан.
Во судиското продолжение Соучек повторно дава гол, овој пат чист, Вест Хем израмни на 1-1.
По шест минути игра во второто полувреме, Антонио носи водство за Вест Хем од 2-1, во 72. минута Вилијан со прекрасен гол од слободен удар изедначува на 2-2 и ги враќа надежите на Челси дека може до победа.
Но тимот на Лампард не само што не победи, туку беше поразен откако Јармоленко во 89. минута постигна гол за конечни 3-2.