Јани Атанасов се врати во Краковија

by riste
1 минути читање

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јани Атанасов се врати во Краковија откако му истече позајмицата во Пушча Ниеполомице.

Атанасов минатата сезона ја мина на позајмица во клубот кој заврши на последното место во најдобрата полска лига. Тој одигра 11 меча за Пушча и постигна два погодоци.

Македонецот сега се врати во Краковија, актуелниот договор со овој клуб му истекува на крајот од идната сезона.

Краковија сега има нов тренер, па Атанасов ќе се обиде за време на подготовките да се наметне и да избори место во стартниот тим.

Не е исклучена можноста и за нова позајмица, но неговиот приоритет во моментов е докажување за место во првиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×