2,3K
Ламин Јамал се најде во интересна ситуација пред ресторан во Барселона, туристки од Франција го замолија да им направи фотографија.
Според јазикот на кој зборуваа, веројатно групата на девојки беше во Франција. Една од нив се посомнева дека се работи за Јамал, па го праша за името. Тој и велеше дека се вика Рајан. Девојката беше упорна, па некој и дофрли дека тоа е Ламин Јамал.
Фудбалерот на Барселона си ја заврши работата, ги фотографираше девојките кои го побараа тоа од него.
Најголемиот дел од девојките допрва ќе сфатат дека ги сликнал еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
صديقات خرجوا لمطعم وطلبوا من لامين يمال التقاط صورة 💀😂 pic.twitter.com/EKdt25KP1Z
— FCB World (@forcabarca_ar) May 9, 2025