136
По освоената шампионска титула во која тој ја имаше една од главните улоги во тимот, Ламин Јамал му се заблагодари на Чави.
Чави беше тренерот под чие водство Јамал дебитираше во првиот тим на Барселона.
„Сакам да му се заблагодарам на Чави, без него ова немаше да биде возможно. Тој ни даде шанса на нас младите фудбалери да дебитираме. Би сакал да му се заблагодарам“, рече Јамал.
Тој вели дека не се споредува со Меси бидејќи Аргентинецот е најдобар на сите времиња.
„Никогаш не се споредувам со Меси, Лео е најдобриот фудбалер на сите времиња“, вели Јамал.