130
Ламин Јамал стана вистинска фудбалска сензација, за кратко време го привлече вниманието на сите, па сега будно ќе се следи секој негов настап.
Според „Мундо Депортиво“ Јамал во новата сезона сака да постигнува уште повеќе голови, па поради тоа има и посебно барање до Ханси Флик. Наводно младиот фудбалер побарал тој да ги изведува слободните удари и да ги шутира пеналите.
Јамал во новата сезона се очекува да го носи и бројот 10 кој го имаше Лионел Меси.
Ансу Фати наскоро ќе потпише за Монако, па десетката ќе се ослободи и ќе ја добие Јамал.