902
„Виолетовите“ на платен список ќе имаат тројца тренери, денеска падна одлука да му биде врачен отказ на Бепе Јакини. Слабите резултати на стартот од новата сезона и само две победи по седум кола придонесоа раководството на клубот да направи промени.
На „Артемио Франки“ се враќа миленикот Чезаре Прандели, кој прифати краткорочен договор и потпис до крајот на сезоната.
Опција беше и враќање на Винченцо Монтела, кој доби отказ во декемви минатата година, но и понатаму е на платен список во Фиорентина и има договор до јуни 2021 година.
Bentornato Cesare Prandelli #ForzaViola #Fiorentina pic.twitter.com/irHp1oE95b
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) November 9, 2020