Легендата на африканскиот и светскиот фудбал, Јаја Туре, е новиот предводник на словачкиот Слован Братислава. Клубот официјално ја потврди соработката со поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, кој стави потпис на тригодишен договор.
Туре не го криеше задоволството од новиот предизвик и порача дека со нетрпение го очекува почетокот на подготовките.
„Среќен сум што доаѓам во клуб со голема традиција, одлична инфраструктура и високи цели. Мојата желба е да го надградам успешниот пат на Слован, но и да внесам сопствен печат во играта на тимот. Фудбалот е мојата најголема страст и мотивиран сум да работам на највисоко ниво“, изјави Туре.
За 43-годишниот поранешен играч од средниот ред ова ќе биде прво самостојно искуство како тренер на сениорски тим, откако во 2020 година стави крај на својата богата играчка кариера.
Yaya Wears Slovan 💙
— ŠK Slovan Bratislava (@SKSlovan) June 13, 2026
Welcome to Slovan @YayaToure #spolusmeslovan #belasimajstri pic.twitter.com/1xbIvETDfk