337
Според италијанските медиуми, претставници на Јаја Туре ја контактирале Специја и понудиле тој да потпише за нив.
Јаја Туре во 2018 го напушти Манчестер Сити и се пресели прво во Олимпијакос, а потоа во кинескиот клуб Кингадао Хуангаи.
И покрај тоа што веќе има 37 години, Јаја Туре не размислува за пензија, сака уште да игра, сака за првпат да се проба во Серија А.
Смета дека би можел тоа да го направи во новиот член на лигата Специја која по прв пат во својата историја ќе игра во Серија А.