Коњаспор за
момент излезе од опасната зона за испаѓање од турскиот елитен фудбалски
шампионат откако на домашен терен славеше победа од 2-0 над Кашимпаша викендов,
а творци на победата беа нашиот Јаховиќ и неговиот колега во нападот Ето.
„Ова беше победа
од големо значење за нас, победа која носи енергија, победивме во сите аспекти
на мечот, бевме добри и во дефанзивните задачи, и во офанзивните, многу ни
значи фактот што за момент се искачивме на табелата и избегавме од опасната
зона, но, имаме уште многу работа за да ги оствариме нашите цели и амбиции“
рече Јаховиќ.
„Најважното од се‘ е успехот на клубот, убавината во голот
ја оставам настрана, ќе бидам искрен, многу повеќе ми значи победата на мојот
тим, отколку тоа на каков начин го постигнав голот, ќе додадам дека навивачите
беа прекрасни, имаа големо влијание врз нас, позитивно“ додаде Македонецот.
Што се однесува до голот на Јаховиќ, тој беше постигнат по една мајсторија на мал простор, откако противничкиот голман беше надмудрен.
data-lang="en">
Извор: hurriyet.com