Јагелонија на Чурлинов на чекор од четвртфинале, Николов и Шишковски со Борац до реми против Рапид

by Стефан
1 минути читање

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов со Јагелонија славеше убедлива победа на Серкл Бриж од 0-3, па така со една нога неговиот тим е веќе во четвртфиналето.

Сите три гола Јагелонија ги постигна во последните 20 минути од средбата, а македонскиот фудбалер натпреварот го започна од првата минута и на теренот помина еден час.

Реми со Борац Бања Лука запишаа Дамјан Шишковски и Бобан Николов против Рапид Виена (1-1).

Николов на теренот беше до 59. Минута, Шишковски остана на клупата.

Во преостанатите две средби од вечерашните осминафинални дуели во Конференциската лига Целје дома го совлада Лугано со 1:0, додека Пафос со истиот резултат беше подобар од Ѓургарден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани