Израел со гол во финишот ги задржа шансите за пласман на ЕП

by
1 минути читање

Мечот требаше да се игра во октомври, но беше одложен поради војната меѓу Израел и Палестина. Вечерва дуелот се играше на неутрален терен во Унгарија.

Швајцарија поведе во 36. минута со гол на Варгас, а Израел до бод дојде во 89. минута со погодок на Вајсмен.

Доколку победа Швајцарците ќе го завереа пласманот на Европското првенство, вака Израел остана со теоретски шанси.

На две кола до крајот Швајцарија и Романија имаат по 16 бодови, зад нив е Израел со 12, следуваат Косово со 10, Белорусија со 6 и Андора со 2.

×