159
По Ромелу Лукаку
кој јавно призна дека не е задоволен од својот статус во тимот на Челси под
кормилото на Томас Тухел, алудирајќи на тактиката на германскиот фудбалски
стратег, се чини дека индиректно тоа го стори дури и омилениот фудбалер на
Тухел, Кристијан Пулишиќ.
„Тешко е, не
играм постојано на моите природни позиции“ рече Пулишиќ.
Не е само Лукаку, има и други незадоволни од Тухел во тимот на Челси
„Но, како и да е,
добро е да постои квалитет за достапност на повеќе позиции, како и да имате
различни задачи на теренот“ додаде Американецот.
„Научив многу,
сметам дека сум подготвен за претстојните предизвици кои следат“ заклучи
Пулишиќ.