24фудбал

Не е само Лукаку, има и други незадоволни од Тухел во тимот на Челси

Резултатите и играта на „Сините“ од Лондон отворија низа прашања околу состојбата во соблекувалната, а се чини дека истата воопшто не е наивна.

Англија

На Островот пишуваат дека Челси има голем проблем во својот тим, со тоа што неколку офанзивци не се среќни со третманот под кормилото на Томас Тухел, иако претходно се веруваше дека со таков статус е само Ромелу Лукаку, кој јавно нагласи дека не е задоволен.

Германскиот фудбалски стратег е на кормилото на Челси веќе цела година, со тоа што ја освои наградата на ФИФА за најдобар тренер за 2021 година, а истата ја доби претходната седмица.

Како и да е, победата над Тотнем во неделата беше само втора за Челси во последните осум меча во Премиерлигата, што јасно навести одредени проблеми во тимот.

„Атлетик“ пишува дека Лукаку е далеку од единствениот офанзивец во тимот на Челси кој не е задоволен под кормилото на Тухел, со тоа што истиот медиум тврди дека има нагласено незадоволство особено помеѓу офанзивците.