Изјава на Марез фрла сомнеж за местенка на Светското првенство!

by riste
1 минути читање

Ѕвездата на Алжир, Ријад Марез, даде изјава која дополнително го поттикна сомнежот дека нивниот натпревар против Австрија бил договорен да заврши нерешено.

Пред натпреварот се знаеше дека реми им одговара и на Австрија и на Алжир. Но, во финишот од дуелот се случи вистинска драма. Марез даде гол во 93. минута за водство на Алжирците од 3-2, па три минути подоцна Австријците израмнија на 3-3.

Прв сомнеж дека е договорен мечот се појави по реакцијата на Арнаутовиќ, кој наводно се расправаше со селекторот на Алжир затоа што постигнале гол за 3-2.

Сега Марез со својата изјава уште толку го поттикна сомнежот дека натпреварот е договорен.

„Ја раширивме играта и тие се повлекуваа. Но, во последен момент некој ми ја протурка топката низ средината. Морав да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека е малку непријатно, но така е. Топката дојде пред голманот и морав да шутирам, морав да се обидам да постигнам гол. Знам дека беше непријатно, но тоа е фудбалот. Морам да го почитувам. И доброто – добро за нив – е што на крајот постигнаа гол и продолжија понатаму. И двата тима продолжија понатаму и тоа е најважното“, рече Марез

Можно е и ова да ти се допаѓа

×