Итрина или неспортски потег? Голот на Мбапе за кој зборуваат сите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Чудни сцени на
„Паркот на Принцовите“, Килијан Мбапе постигна еден од најсмешните погодоци.

Напаѓачот падна
во шеснаесетникот по еден дуел, домаќините бараа пенал, но судијата му покажа
на Килијан Мбапе да стане.

Но голманот на
Лориент сметаше дека судијата свирнал прекршок за симулација на Килијан Мбапе,
па ја фрли топката на земја и почна да се подготвува да започне акција.
Голгетерот на
„светците“ ја искористи збунетоста на Ивон Мвого, му ја украде топката и ја
затресе празната мрежа.

„Настана
недоразбирање, ние мислевме дека судијата свирна, додека пак судијата ни се
правдаше дека не свирнал и не ја стопирал играта“
– рече на полувременето фудбалерот
на Лориент, Роман Февр.

Голот на Килијан
Мбапе покрена голема дебата на социјалните мрежи, многумина ја фалат итрината
на напаѓачот, но има и такви кои сметаат дека не бил во духот на фер-плејот.

Со овој погодок,
ПСЖ изедначи на 1-1, но гостите на крајот стигнаа до огромна победа од 1-3, па брзо
ќе заборават на се.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×