Италијанските медиуми го вперија прстот кон Дибала

by
2 минути читање

Бранителот на
титулата во Италија, Јувентус ја имаше победата од гостувањето кај Лацио во
раце, се
до 95. минута кога
Каиседо израмни на 1-1 и донесе разочарување кај навивачите на „Старата дама“,
но радост кај оние на римскиот клуб.

Јасно е дека
Дибала е трагичарот за Јувентус, откако Артентинецот им даде „подарок“ на
домаќините да организираат барем уште еден напад до последниот судиски свиреж,
а по негова грешка тоа и се случи, за Каиседо на крајот да донесе вреден бод за
домаќинот од дербито, а навивачи на Лацио почнаа и јавно да му се заблагодаруваат на Аргентинецот.

Италијанските
медиуми сега го вперија прстот токму во Дибала, кој во финалната минута ја
загуби топката, по што дојде до аут за Лацио, по што тргна акцијата за израмнувачкиот
гол, а „Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“ му дадоа оценка 5/10 на
Артентинецот за својот настап.

Толку многу
обични додавања и тоа губење на топката, што се случува со него?
“ запрашаа од „Газета
дело спорт“, а од таму додадоа дека завршните 15 минути биле очајни во
перформанските на офанзивецот.

„Кориере дело
Спорт“ пак наведе дека Аргентинецот не бил подготвен, а на мечот влегол доста
лошо, а „Тутоспорт“ му даде очајна оценка во висина од 4 за неговиот настап.

Слабо издание,
вон фокусот на мечот, тој не е подготвен, а игра и покрај проблемите од физички
аспект, но, како и да е, нема оправдување за овие перформанси
“ наведе весникот
од Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани