Италијански третолигаш добива стадион од 28 милиони евра! (ФОТО)

by Стефан
2 минути читање

Италијанската влада донесе одлука со која во оваа земја ќе се забрзаат процесите за изградба на стадион.

Според новите измени, локалните власти ќе треба во рок од 60 дена да одговорат на предлогот околу израдбата на фудбалски објект. Прв кој ќе го искористи новиот закон ќе биде третолигашот Арецо од Тоскана.

Станува збор за клуб кој во овој момент се наоѓа на петтото место во групата „Б“oд италијанската Серија Ц и според најавите има амбициозен проект.

Проектот според проценките треба да изнесува 28 милиони евра, а ќе го финансиите сопствениците на клубот со помош на банки и спортски кредити. Стадионот би требало да биде завршен до 2030 година.

Интересно е што капацитетот нема премногу да се промени и од досегашните 12.506 гледачи ќе дојде до 13.128 места.

Арецо не е помеѓу најпознатите италијански клубови, но низ него поминаа познати тренерски имиња. Антонио Конте тука ја започне кариерата како тренер во 2006 години, а него откако замина го наследи Маурицио Сари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани