178
Се верува дека Тиаго Мота ќе биде нов тренер на Болоња, но тој не бил прв избор на раководството на клубот, тие прво го контактирале Роберто Де Зебри.
Де Зебри важи за модерен тренер кој ги освои симпатиите со напаѓачкиот фудбал кој го практикуваше во Сасуоло. Тој ужива голема почит во Италија.
Бил исконтактиран од раководството на Болоња, но Де Зебри им рекол: „Би сакал, но не можам после Синиша. Парите не се важни, тие не можат да купат се“.
Дека приказната е вистинита потврди сопругата на Синиша Михајловиќ која објави слика од двајцата тренери на инстаграм и напиша: „Двајца големи луѓе, се надевам дека и младите ќе научат од овие двајца гиганти“.