Спалети доби отказ: Навивачите имаат една желба за негов наследник!

by Стефан
1 минути читање

По поразот од Норвешка со убедливи 3-0, иднината на Лучијано Спалети доби отказ на позицијата селектор на Италија.

Причината е јасна, Италија не смее да си дозволи уште едно промашување кога станува збор за пласман на Светското првенство бидејќи веќе и не настапија на последните две.

Како што пренесуваат италијанските новинари, веќе се споменува можноста Стефано Пиоли да го преземе кормилото на „Аѕурите“. Пиоли е на излезна врата од Ал Наср и наскоро се очекува официјално да го раскине договорот со саудискиот клуб.

Сепак, навивачите имаат друга желба. Според анкетата на „Газета дело Спорт“, во која гласале речиси 40.000 луѓе, дури 95% го поддржале Клаудио Раниери. Тој оваа сезона успеа да ја препороди Рома пред да му ја препушти клупата на Џан Пјеро Гасперини.

И покрај ентузијазмот кај фановите, Раниери претходно изјави дека нема намера повторно да седне на тренерска клупа по завршувањето на епизодата во Рим. Но, ако пристигне повик од националниот тим, можеби токму тоа ќе го натера да размисли повторно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани