Италија ја испрати Англија во Лига Б, Унгарија со истиот резултат ја изненади Германија во Лајпциг (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Анлија се сели во
ранг подолу во Лигата на нации, вечерва избраниците на Саутгејт загубија на
гостувањето кај Италија, па на едно коло пред крајот немаат шанси за опстанок
во елитата.

Единствениот гол
на мечот падна во 68. минута, Бонучи испрати долга топка, Распадори убаво ја
прими, се намести на шут и од работ на шеснаесетникот прецизно пласираше за 1-0
и голема радост.

Еден гол имаше и
на вториот натпревар од групата, Унгарија ја изненади Германија и со 0-1
славеше во Лајпциг.

Херој на гостите
беше Адам Салаи, кој одлично се снајде во 17. минута и го матираше Тер Штеген.

Со оваа победа,
Унгарија остана на првото место и дома против Италија само ќе решава за учество
на Ф4 турнирот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×