Италијанскиот стратег Клаудио Раниери нема да ја преземе репрезентацијата на Италија, пренесува Џанлука Ди Марцио.
Раниери беше најголемата желба на навивачите и Фудбалскиот сојуз по заминувањето на Спалети, меѓутоа тој одлучи да остане во Рома каде што има улога на директор и помошник на тренерот Гасперини.
„Благодарен сум на претседателот Гравина за понудата која за мене беше голема чест, но откако размислив, одлучив да останам на располагање на Рома во мојата нова улога. Имав поддршка од сопствениците да одлучам сам и одлуката е исклучиво моја“, изјави Раниери.
Раниери низ кариериата водеше бројни клубови, а најголемиот успех го направи со Лестер кога сензационално успеа да ја освои титулата во Премиер лигата. Во изминатата сезона имаше одлични резултати на клупата на „волчицата“ пред да го препушти местото на Гасперини.