Италија го одбра човекот кој им го донесе трофејот на ЕП 2021 за селектор?

by 24 фудбал
1 минути читање

Роберто Манчини е најсериозен кандидат повторно да седне на селекторската клупа на Италија, пренесуваат медиумите на Апенините.

Иако во игра беа и звучни имиња како Антонио Конте и Пеп Гвардиола, раководството на Италијанската фудбалска федерација наводно се одлучило за стратегот кој ја одведе репрезентацијата до европската титула во 2021 година.

Манчини ја напушти Италија во 2023 година и ја презеде Саудиска Арабија, а во меѓувреме работеше и во Ал Сад. Сега е подготвен за ново враќање кај „аѕурите“, кои се соочуваат со сериозна криза по уште едно неуспешно мундијалско квалификување.

Доколку договорот биде финализиран, Манчини ќе добие задача повторно да ја врати Италија во врвот на светскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×