Џек Грилишл во
2021 година стана најскапиот фудбалер во Премиерлигата откако Манчестер Сити
плати 100 милиони фунти (околу 116 милиони евра) за неговите услуги.
Преселбата на „Етихад“
му отвори нови врати, Англичанецот реши да стави крај на соработката со Најк и
да стана ново заштитно лице на Пума.
Како што
пренесуваат медиумите од „островото“, Џек Грилиш добро ќе се офајди од овој
спонзорски договор и може да заработува и до 10 милиони фунти годишно.
Се верува дека
соработката на Џек Грилиш со Пума е најбогата кога се во прашање фудбалерите од
Премиерлигата, и помеѓу топ 5 најбогатите во светот на фудбалот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.