Историски момент: За првпат клуб од Африка ќе игра во професионална лига во Европа

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот клуб АД Сеута од истоимениот град на африканскиот брег испиша златна страница во својата историја, обезбедувајќи пласман во Втората шпанска лига за следната сезона – подвиг што го прави единствениот африкански клуб кој ќе настапува во професионално европско првенство.

Основан во 1956 година, клубот од Сеута долго време се соочуваше со финансиски и организациски предизвици, што резултираше со неколку промени на името и постојано присуство во пониските лиги. Но, по речиси седум децении постоење, тимот конечно успеа да го направи најголемиот чекор во својата историја.

Историскиот успех Сеута го запечати со триумф од 2-1 на гостински терен против Фуенлабрада, резултат со кој две кола пред крајот обезбедија недостижно прво место во Групата 2 од третата лига и директна промоција.

Градот Сеута, со околу 85.000 жители, е лоциран на северниот брег на Африка, веднаш под Гибралтар. Станува збор за шпанска енклава целосно опкружена со територија на Мароко, но која административно и политички припаѓа на Шпанија и Европската Унија. Овој успех претставува не само спортски триумф, туку и симбол на културна и географска уникатност на европскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×