Историски ден за Монца, во својата 110-годишна историја првпат ќе играат во Серија А!

by
1 минути читање

Монца испиша историја, клубот кој е основан пред 110 години за првпат избори пласман во Серија А.

Тоа е клубот на Силвио Берлускони и Адриано Галијани, двајцата денеска беа на трибините во Пиза и се радуваа на големиот успех.

Првиот плеј-оф меч го доби Монца со 2-1, а денеска Пиза славеше со 3-2 по 90 минути игра. Правилото гол во гости не важи, па се премина кон две продолженија од по 15 минути.

Во продолженијата Монца даде два гола и со вкупни 6-4 се пласираше во Серија А.

Покрај Монца, претходно во Серија А пласман обезбедија и екипите на Лече и Кремонезе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×