Историска ноќ за ПСЖ: Прва титула во ЛШ и тоа со пет гола во мрежата на Интер! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

ПСЖ го надигра и со убедливи 5-0 го прегази Интер во финалето од Лигата на шампионите кое вечерва се одигра во Минхен.

Во првата сезона без ѕвезди, ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Интер доживеа тежок, срамен пораз кој долго ќе ги пече.

Францускиот тим поведе уште во 12. минута со гол на Хакими, а само осум минути подоцна Дуе даде гол за предност на ПСЖ и од 2-0.

Тој резултат беше актуелен до 63. минута кога Дуе постигна нов гол, овојпат за 3-0.

Десет минути подоцна и Кварацхелија се запиша во листата на стрелците, а точка на мечот стави Мају со погодок во 87. минута од мечот.

По последниот судиски свиреж ПСЖ го почна славјето на првата титула во Лигата на шампионите. За Интер после овој пораз се чини дека ќе следува сериозен ремонт во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани