Исламската држава се заканува со терористички напад на натпреварите во Лигата на шампиони! (ФОТО)

by
1 минути читање

Доцна синоќа
пристигна закана за терористички напад на натпреварите во Лигата на шампионите.

Исламската
држава, преку фондацијата Ал Азаим, пласираше постер со сите стадиони (Паркот
на Принцовите, Сантијаго Бернабеу, Метрополитано и Емирати) на кои се играат
четвртфиналните натпревари во најелитното европско натпреварување, и беше
напишана пораката: „Убиј ги сите“.

Како што
пренесува Марка, властите во Мадрид денеска ќе имаат нов состанок на кој ќе
одлучат дали дполнително ќе ја зголемат безбедноста, која и онака е на високо
ниво бидејќи во главниот град на Шпанија ќе има два големи натпревари во период
од два дена.

Натпреварите Реал
Мадрид-Манчестер Сити и Атлетико Мадрид-Борусија Дортмунд од претходно се
прогласени за висок ризик, и за редот ќе се грижат повеќе од 3.000 полицајци.

Се очекува речиси
8.000 навивачи на Манчестер Сити и Борусија Дортмунд да пристигнат во Мадрид.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×