330
Реваншот помеѓу Јувентус
и Интер во Купот на Италија донесе искри помеѓу Леонардо Бонучи и Антонио
Конте. Како што пренесуваат медиумите, дефанзивецот на домаќините влегол во
конфротација со тренерот на гостите и му порачал: „Треба да ги почитуваш
судиите“.
Леонардо Бонучи
реагирал поради протестите на Антонио Конте крај аут-линијата во моментите кога
Интер бараше пенал откако Лаутаро Мартинез падна во шеснаесетникот.
Судијата не се
огласи, и дозволи играта да продолжи а ВАР потврди дека било исправна одлука
бидејќи Лаутаро беше тој кој ја удри ногата на Бернардески.