Иско се степал со Мончи: Му реков дека е најголем лажго, ме фати за врат…

by
2 минути читање

Иско откако си замина од Севиља е без клуб, една сезона веќе е надвор од фудбалската игра. Сака да се врати што е можно побрзо, но го бара вистинскиот тим.

Една од поинтересните приказни во првиот дел од интервјуто на Иско, е неговиот однос со спортскиот директор на Севиља, Мончи.

„Откако го отпуштија Лопетеги, дојде Сампаоло и беше во ред исто така. Но кога замина Лопетеги се отвори зимскиот преоден рок и се случија многу чудни работи во клубот. Тие ги викнаа моите агенти за да најдат начин како да си заминам, без претходно да ми кажат мене. Кога дознав за тоа отидов директно кај Мончи и му реков: „Слушај, тоа и тоа дојде до моите уши, не знам што се случува, не знам дали ме сакаш или не, но биди искрен со мене и ќе решиме се без проблем. Јас сум ти на располагање“, вели Иско.

„Знаев дека има економска криза во Севиља, но по тој муабет се отиде во погрешен правец. Јас само сакав да знам што мисли клубот и тој ми кажа дека доколку се најде некоја понуда за мене, ќе заминам. По тој дијалот, Мончи почна во медиумите да кажува дека јас сакам да си одам, нешто што не беше вистина и почна секој ден да ми се јавува мене и на мојот адвокат, да притиска да го раскинеме договорот. Потоа јас отидов уште еднаш да разговарам со него и му реков: „Види Мончи, ти не си најискрен со мене и со моите луѓе и работите кои ги зборуваш не се точни. Јас сакам да останам, а ти продолжуваш да зборуваш дека сакам да си одам“. И потоа се случи конфликт“.

„Му кажав дека тој е најголемиот измамник во светот на фудбалот и тој ме нападна. Дојде, ме фати за врат, јас го оттурнав и дојде обезбедување и не раздели. Потоа како што знаете, си заминав од клубот, не сакав да продолжам во таква атмосфера. Жал ми беше поради соиграчите и фановите кои беа прекрасни, но не ми беше удобно да бидам во средина каде што спортскиот директор ме нападна и никој не ми се извини. Не поради агресијата, туку поради лагите кои ги кажуваше претходно“, открива Иско.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани