Иско и Марсело се слободни играчи, но уште не можат да најдат нов клуб

by
1 минути читање

Денеска стартуваат новите сезони во Премиерлигата, Бундеслигата и Лига 1, а следниот викенд во Серија А и Ла Лига, но Иско и Марсело се уште немаат клубови иако се слободни играчи.

Иско се поврзуваше со Севиља, Хулен Лопетеги сакаше да го види во својот тим, но раководството на клубот размислува поинаку.

Агентот Жорж Мендеш го нудел Иско и на Бетис каде што тренер е Мануел Пелегрини кој работеше со фудбалерот во Малага. 

Иско се поврзуваше и со Рома, но не испадна ништо и од тоа.

Главната причина е тоа што Иско не сака да ги намали своите барања за плата кои се околу 10 милиони евра по сезона. Клубовите сметаат дека тоа е премногу, без разлика што тој би потпишал како слободен играч.

Иско нема континутет во изминатите сезони, па нема ниту клуб кој е подготвен да вложи голема сума во него.

Ниту ситуацијата на Марсело не е многу поразлична. Тој исто бара голема плата која никој не е подготвен да му ја даде.

Името на Марсело се поврзуваше со Ваљадолид, Лион, Милан, Флуминенсе и Фенербахче, но засега нема ништо конкретно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани