Нема никаква
тајна во однос на интересот на Реал Мадрид за првата ѕвезда на Челси, Еден
Азар, Белгиецот има активен договор со Премиерлигашот до 2020. година, а тимот
од Лондон мака мачи како офанзивецот да
стави потпис на нов договор.
Доколку не успее
во намерите да го задржи Азар на подолг рок, Челси ќе мора да го продаде порано
од предвиденото за да заработи максимум од цената на Белгиецот, во спротивно ќе
остане со празни раце, а ситуацијата очајно сака да ја искористи Реал Мадрид.
Шпанскиот гигант
наводно сериозно размислуваат како опција за да се реализира трансферот на Азар
на Сантијаго Бернабеу, да ги понудат Ковачиќ и Иско во понудата. Ковачиќ веќе е
дел од редовите на Челси, но, како позајмен фудбалер, а Иско не е во преден
план кај новиот тренер Сантијаго Солари, а за него се шпекулира дека е на
излезна врата од клубот.