Пред извесно време жените во Иран почнаа протести барајќи ги своите права. Во протестита настрада младата Махса Амини која беше убиена од полицијата.
Убиството на младата Иранка дополнително ги разгоре протестите кои станаа уште пожестоки.
Многу славни личности од земјата им дадоа поддршка на жените, а еден од нив беше и легендарниот Али Даеи.
Тој потврди дека при враќањето во Техеран, полицијата му го одземала пасошот, но по медиумски притисок по неколку дена истиот му бил вратен.
„По моето доаѓање од странство, му беше одземен пасошот на аеродромот во Техеран, тоа беше направено пред моето семејство. Ми рекоа дека морам да одам на суд за да си го барам назад. Не го направив тоа, по три дена властите сами ми го вратија. Иран има многу поголеми проблеми зарешавање. Треба да го реши проблемот за жените, а не да користи репресија, насилство и апсење“, вели Али Даеи.
Али Даеи кој настапуваше и за Баерн Минхен, до пред извесно време беше најдобар репрезентативен голгетер, тој има 109 голови за Иран. Неговиот рекорд го надмина Кристијано Роналдо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.