69
Аргентинскиот фудбалер Езекиел Паласиос потпиша за Ипсвич, потврди премиерлигашот.
Во соопштението се наведува дека 27-годишниот играч за врска потпишал договор со англискиот клуб до летото 2030 година.
Финансиските детали од трансферот не се објавени, но британските медиуми пренесуваат дека Ипсвич за неговиот потпис издвоил 22,5 милиони евра.
Паласиос во Ипсвич пристигнува од Баер Леверкузен, каде што настапуваше од 2020 година. Пред трансферот во Германија, Аргентинецот го носеше дресот на Ривер Плата.
За репрезентацијата на Аргентина запиша 41 настап и беше дел од тимот кој во 2022 година ја освои титулата светски шампион на Мундијалот во Катар.