По Саутемптон и Лестер, екипата на Ипсвич стана третиот патник во понизок ранг оваа сезона, откако денеска доживеа убедлив пораз од Њукасл со 3-0.
Ипсвич немаше одговор за одличната партија на тимот на Еди Хау, кој ги освои трите бода во битката за место во Лигата на шампионите. Стрелци за „страчките“ беа Исак, Брн и Осула, кои ја потврдија доминацијата на домашниот терен.
Дополнителен удар за Ипсвич беше и исклучувањето на Џонсон во 37. минута, што дополнително ја олесни задачата за Њукасл.
Во останатите натпревари од денешната програма, Брајтон во интересен меч го совлада Вест Хем со 3-2, Фулам славеше како гостин кај Саутемптон со 1-2, додека Вулвс на домашен терен беше убедлив против Лестер со 3-0.