На Симоне Инзаги му гори под нозе, според италијанските медиуми тој има три натпревари за да си ја спаси работата. По двата меча со Барселона и дуелот со Сасуоло кој е меѓу нив, клубот ќе одлучи дали ќе му врачи отказ.
Мисијата на Инзаги ќе биде тешка, а тој се труди да докаже дека тие играат подобро отколку што тоа го кажуваат резултатите.
„Мислам дека одигравме добар натпревар против Рома, за жал примивме два гола кои можевме да ги избегнеме. Ние дозволивме тие да се случат“, вели Инзаги.
„Не заслуживме да загубиме, заслуживме повеќе од тој меч“.
Што се однесува до денешниот дуел со Барселона, Инзаги рече:
„Се соочуваме со еден од најдобрите тимови во Европа, многу комплетен тим, но во исто време овој меч е голема можност за нас. Ние сме Интер и имаме шанси. Треба да играме со многу агресија и посветеност“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.