Милан со 3-2 го победи Интер во драматично дерби исполнето со шанси и возбудувања. Инзаги смета дека натпреварот требало да заврши нерешено.
„Почна израмнето, а потоа дадовме убав гол, по израмнувањето половина час како да нè снема и тоа нè чинеше уште два примени гола“, вели Инзаги.
„Постигнавме два прекрасни гола, но примивме три и тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме, не треба да примаме голови, особено не во дерби натпревари. На крајот тоа нè чинеше“.
„Ако земеме во предвид сè што направивме, веројатно требаше да заврши нерешено, но јас сум тренерот и првиот кој е одговорен за тој половина час. Во така важен меч, требаше да одиграме подобро“.
Претхоно Интер прими три гола од Лацио и загуби со 3-1.
„Тоа се два различни меча. Овојпат не постигнавме доволно голови, тие имаа фантастичен голман, и повторно примивме лесни погодоци. Јас сум тренер, и треба да најдам начин да го решиме проблемот“.
Интер оваа сезона премногу лесно прима голови, дури осум во првите пет кола, а во следниот меч се домаќини на Баерн Минхен, тоа е дуел од Лигата на шампионите.
Инзаги се надева дека брзо ќе ги реши проблемите во дефанзивата која е составена од истите играчи кои играа лани, но тогаш беа многу поцврсти.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.