Инзаги сруши рекорд на Алегри во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Aктуелниот италијански шампион, Интер викендов славеше победа над Лече со 4:0 и така продолжи да го „брка“ Наполи кој е на врвот на табелата.

Овој триумф беше посебен за тренерот Симоне Инзаги за кого тоа беше 200 победа во италијанскиот шампипнат.

Инзаги до бројката од 200 победи во Серија А дојде во 332 натпревари и така го сруши рекордот кој го држеше Масимилијанп Алегри на кого за 200 победи му беа потребни 338 натпревари.

Главна цел на Инзаги до крајот на сезоната ќе биде одбрана на Скудетото, но Наполи со Конте изгледа одлично и сигурно дека имаат тешка задача.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани