По поразот на
гости кај Интер, Наполи ќе мора на победа на мечот кој го игра пред своја публика против Болоња во претстојното
19 редовно коло на Серија А викендов.
Поранешниот
напаѓач кој освои две титули во Лигата на шампионите како фудбалер на Милан,
под кормилото на Карло Анчелоти, Филипо Инзаги сега ќе има еден голем тест.
„Соочувањето со
Анчелоти ќе биде навистина емотивно“ рече Инзаги на пресконференцијата во
пресрет на утрешниот меч.
„Тој е одлична
особа и ние имаме силни и емотивни релации. Секогаш сме имале одличен однос,
како и да е, ќе се обидам да го направам тажен, по сето задоволство и уживање
кое го имавме заедно во кариерата“ додаде шефот на стручниот штаб на Болоња, алудирајќи на тоа дека ќе се
обиде да го порази својот некогашен соработник.